Готвиме со Маја: Супа од авокадо
Понекогаш среќавам луѓе кои што не сакаат долго да се во кујна, а сепак сакаат здрав оброк. Денешниов рецепт е токму за нив. Брз, најлесен и здрав. Што е најважно „homemade”, затоа што јас сметам дека е важно да јадеме дома … Сирова супа од авокадо за сите генерации.
Потребни состојки за 2 чаши:
1 средно авокадо (или половина големо)
1 млад кромид
половина лимон (исцесен)
1 шака бејби спанаќ
3 ливчиња нане
1 лажичка шарена сол
прстофат ким (по можност мелен)
половина краставица
1 шоља ладна вода
2 лажици маслиново масло
сол и бибер
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Пробајте ја супата и додадете сол и бибер колку што сакате а може да додадете и вода ако сакате да е потечна. Јас декорирав со домашни кубети, домашен пармезан чипс, подпечени семки од тиква и нане.
Брза и превкусна вечера
Совет : За оние кои што сакаат да експиремнтираат ова е совршен рецепт, додадете зачини и зеленчук по желба. Дури може да ставите место вода кокосово млеко за готвење, не за пиење.
За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ