Готвиме со Маја: Здрави крофни

Добивај вести на Viber

Кога ќе ја погледнам ќерка ми како да го гледам Могли. Ми личи на него затоа што поостојано сака да биде надвор да истражува да трча да си игра. Таа буквално не знае да седне. Освен понекогаш кога има „Пепа пиг“, но и тоа не е долго. По неколку повторувања на една епизода кај што Пепа јадеше крофни почна да ми бара да и ги направам. Не сакам да јаде крофни потонати во масло, прженици … затоа се обидував да најдам решение. Не ми успеа од прва затоа што не беа мнпгу воздушести и по многу обиди сватив дека нема да добијам здрава воздушеста крофна. Но сепак добив некоја алтернатива на здрави крофни .

Потребни состојки:

50мл. топла вода (не врела)

150мл. млеко

1 сув квасец (по можност био)

2 м.лажички кафен шеќер

2 мерилки (cup) брашно од спелта

70гр. путер (маргарин,кокоосово масло) 

кора од 1 портокал

2 јајца 

сол

*ќе ви треба плус уште некоја лажица брашно 

Јас тестото го спремам навечер за да кисне во фрижидер. Најпрво во водата ставете ги шеќерот и квасецот за да го активирате. Млекото стоплете го заедно со изренданата кора од портокал за да добиете убава арома и оставете го да се олади да не е врело. Потоа помешајте ги заедно јајцата и млекото. Во садот со квасецот ставете го брашното и промешајте. Додадете го млекото со јајцата и растопениот путер и мешајте со дрвена лажица да добиете хомогена смеса а потоа додадете уште малку брашно доколку тестото е лепливо. Треба да добиете меко тесто. Оставете го во фрижидер и следниот ден пред печење извадете го тестото. Измесете го и со сукало направете круг со дебелина од 1 цм. и вадете форми кружни или како амерички крофни со дупка во средина. Ставете ги на тава со хартија за печење и покријте ги со чиста крпа да нараснат дупло. 

Вклучете ја рерната на 200 степени и откако убаво ќе се загрее и крофните ќе ннараснат печете ги 15тина мин. Зависно од вашата рерна.

Украсете ги по желба. Јас ги потопував во растопено црно чоколадо 85% и додадов кикирики.



За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ