Граѓаните ги откажуваат патувањата, агенциите турите за Италија

Домашните туристички агенции најверојатно нема воопшто да ги организираат турите за 8 март до Италија, поради ширењето на коронавирусот. Иако имаа понуди за Верона, Венеција и Фиренца и имало заинтереисрани туристи, патувањата ќе се одложат. Сепак конечната одлука ќе биде донесена денска. Од туристичките агенции за Фактор велат дека во текот на денот ќе имаат состанок на кој ќе се разгледаат сите опции, ама најверојатно тури нема да има. Секако граѓаните кои првично покажале интерес и уплатиле за патувањето, од вчера наутро масовно ги откажуваат аранжманите.

„Чекаме официјална одлука, која ќе биде донесена во текот на денот. Најверојатно сите тури ќе бидат откажани. Секкао и патниците ги откажуваат патувањата, велат од ЈК Травел.

Инаку и Венко Филипче, министерот за здравство, вчера по состанокот на Центарот за кризи соопшти дека на граѓаните им се препорачува да не патуваат во Италија, освен ако потребата не е итна. 

Повеќе детали и информации прочитајте на Фактор.мк