Граѓаните категорични: Со минималец на одмор не се оди

Повеќето граѓани се категорични дека ако работите за минимална плата од 18.000 денари, и при тоа немате екстра приходи или помош од некој друг член од семејството, не ни можете да заминете на годишен одмор.

Наведуваат дека поскапен е превозот, сместувањето, храната, буквално сè. Зависно од превозниците цените варираат, но повратен билет од Скопје до Охрид може да ве чини и до 1.130 денари, до Струга 1.000, а до Дојран 1.100 денари. Оваа сезона во македонските туристички центри во приватно сместување прашање е дали ќе може да се најде сметување по цена од 350 денари по лице.

„Цените лани беа 350 денари, а оваа година покачивме на 400 денари. Претходно, ако не 15, 12 години сигурно немаше корекција на цените за сместување. Но, не е само сместувањето, и транспортот е скап, храната исто. Со плата од 18.000 денари нема шанси еден човек да си дозволи одмор. Порано имав гости кои престојуваа по 10 дена во Струга, а сега доаѓаат на 3,5 или 7 дена. Мислам дека народот е сè посиромашен“, вели стружанка која издава соби и апартмани.


Детали читајте на Фактор тука.