Греми за Мишел Обама

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, сега може да ја додаде Греми наградата во својата биографија, откако ја освои наградата за најдобар говор за зборови, за аудио книгата на нејзиниот мемоар „Becoming“.

Таа се соочи со ексцентрична група на ривали во кои спаѓаат Мајкл Дијамант и Адам Хоровиц од „ Beastie Boys“ за книгата „Beastie Boys Book “ и Xон Вотерс, режисерот-изведувач познат по своите трансгресивни култни филмови, за „Mr. Know-It-All“.

Книгата „Becoming“ е објавена кон крајот на 2018 година.  Поранешната прва дама на Америка, во книгата пишува за нејзиниот личен живот, објаснувајќи за спонтаниот абортус,  но исто така пишува и за своите ќерки и брачни совети, но во книгата пишува и за потеклото на нејзиниот сопруг поранешниот Претседател на САД Барак Обама, кој исто така има освоено Греми награда во истата категорија.

Доделувањето на музичките награди Греми се одржа синоќа во Лос Анџелес, во центарот Стејплес, а младата ѕвезда Били Ајлиш се запиша во музичката историја освојувајќи четири големи награди и уште неколку помалку. И тоа се за песната од својот прв албум.

Доделувањето помина во знакот на загубата на НБА легендата Коби Брајант. Церемонијата започна со една минута молк за него, додека главната програма ја отворија пејачките Лизо и Алиша Кис, двете споменувајќи го големиот спортист.