Култура // Настани
Грешка во гласањето: Тамара прва од жирито, ние сме на седмото место на „Евросонг“
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го апдејтира финалниот резултат на 64- то издание на „Евросонг“ поради „човечка грешка во севкупниот резултат на белоруското жири“.
Тамара Тодевска со Proud е првопласирана според жирито и седмо место на „Евросонг“, потврдија од ЕБУ и нагласуваат дека ова не влијаело на телефонското гласање од 41 земја кои партиципираа на изборот и дека првопласираните четири држави остануваат исти.
- Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! – сподели Тодевска на социјалните мрежи.