Грешки за кои не сме свесни: Побрзо перење и сушење алишта со овој трик!
Aвстралијанката Шанон Луш е експерт за домашни работи и сите домаќинки го чекаат нејзиниот совет. Во интервју за „Newscorp“, таа изјави дека популарното верување дека повеќе детергент значи почиста облека воопшто не е точно.
Со оглед на тоа дека сапунот е производ базиран на масти, премногу сапун може да остави некои траги, што ја прави облеката да изгледа валкано.
Таа додаде дека луѓето често добиваат осип и иритација на кожата поради „премногу перенa" крпa. Причината е едноставна. Вишокот на сапун е запечатен за ткаенината и при сушењето се загрева.
Затоа крпите после сушење излегуваат толку меки и убави, но еден ден потоа ја добиваат својата класична груба форма.
Луш советува при користењето на детергенти да се водиме од она - помалку е повеќе.
Во машината за перење, доволно е да се стави само една осмина од препорачаната количина на прашок или течност.
Кога се работи за сушење на алиштата, таа вели дека со влажните треба да се стави една сува крпа. Тврди дека така влажната облека ќе се исуши три пати побрзо.
Многу луѓе го сакаат омекнувачот затоа што им дава на работите подобар мирис. Сепак, Шанон не верува во тоа.
- Основа на омекнувачот е маслото за перење облека. Подобро ставете оцет наместо омекнувач. Верувајте ми, на крајот нема да има мирис- вели таа.