Гриз-алва за оние кои сакаат слатко со нивното кафе: Зошто да не направите малку поинаков десерт од вообичаениот
Ќе бидете воодушевени од овој ориентален деликатес, кој одлично оди со домашно варено кафе
Состојки:
1/2 кг гриз1/2 кг шеќер
1/2 л млеко
100 гр сечкани ореви250 гр путер
Подготовка:
1. Во тава со растопен путер три минути се пржат оревите. Со непрекинато мешање додајте гриз додека не добие светло златна боја. Потоа додадете шеќер и постепено додавајте млеко со постојано мешање.
2. Кога смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете ја од шпоретот, поклопете и оставете да отстои околу петнаесетина минути.
3. Масата истурете ја во сад обложен со хартија за печење или алуминиумска фолија, распоредете ја по целата површина и оставете да се излади.
4. Оладената алва свртете ја на работната површина и исечете ја на парчиња. Сервирајте во чинија и декорирајте со прелив од ореви, цимет или чоколадо.
Извор: stil.kurir.rs*пр-објава