Хали Бери тајно се омажи: Фотки од венчавката на една од најубавите жени во светот

Холивудската актерка и музичкиот добитник на Греми се венчаа далеку од „очите на јавноста“, а среќната вест едвај дочекаа да ја споделат на популарната социјална мрежа.

Холивудската актерка Хали Бери се омажила за американскиот пејач и текстописец Ван Хант за време на новогодишното романтично одморање а среќната вест ја сподели на Инстаграм.

Со фотографии како стојат во капелата за венчавки, Хали напиша: „Па, официјално е!“


Нејзината вест предизвика неколку пораки од обожавателите со честитки на парот, а таа доби над 300 илјади лајкови.


Девојката на Бонд претходно сподели фотографии од патувањето, откривајќи ја својата неверојатна фигура во бикини. Држејќи чаша вино, ѕвездата напиша и како мрази кога луѓето велат дека не им треба алкохол за забава!


Во август 2020 година, Хали откри дека повторно излегува, кога објави загадочна фотографија на која „игра“ со ногата со мистериозен маж.. Таа конечно го сподели неговиот идентитет еден месец подоцна. Имено, таа во септември 2020 година носеше маица со натпис „Ван Хант“ и ги потврди гласините за човекот кој и го украде срцето. За тоа не беа потребни многу шпекулации, бидејќи покрај описот на фотографијата напиша: „Сега знаете“.

Да потсетиме, откако пред пет години раскина со Оливие Мартинез, француски актер со холивудска кариера, американската актерка до неодамна беше официјално сама. За тоа време се посвети на работата и децата, 12-годишната Нала од врската со канадскиот модел Габриел Обри и 7-годишниот Макеу од бракот со Мартинез.


Фото: Инстаграм/Хали Бери официјален профил