Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна Happy Monday, новата наградна игра за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички Mastercard, со богат фонд на парични награди. Во периодот од 6 ноември до 31 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат дневни награди по 5.000,00 МКД, неделни награди по 50.000,00 МКД и главна награда во износ од 500.000 МКД за најсреќниот добитник.
Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат во наградната игра со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 МКД, направена на продажните места или преку e-commerce. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, што значи колку повеќе трансакции толку повеќе шанси за добивка.
Во извлекувањата ќе бидат доделени вкупно 56 дневни награди во износ од 5.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени конкретниот ден на кој се однесува извлекувањето, 8 неделни награди во износ од 50.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени во календарската недела на која се однесува извлекувањето и 1
добитник на главната награда во износ од 500.000,00 денари, коj ќе се извлече од сите трансакции направени во текот на наградниот период.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија, корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 9.1.2018 год., со почеток во 12:00 ч., во просториите на Дирекцијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од нотар и од двајца официјални претставници од Банката. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор со помош на специјален софтвер изработен за таа намена.
За повеќе информации околу наградната игра Happy Monday, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.