Херман Хесе: Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а дека сакањето е сѐ ...

Колку повеќе стареев, толку помалку се исполнував со малите задоволства што ми ги даваше животот и појасно сфаќав каде да ги барам вистинските извори на радост и смисла.

Научив дека да се биде сакан не значи ништо, и дека сакањето е сѐ ...

И дека тоа е способноста да се почувствува она што му дава вредност и убавина на нашето постоење.

Каде и да се појави она што на земјата може да се нарече среќа, таа беше ткаена од емоции.

Парите не се ништо, моќта е ништо.

Многумина ги имаат и двете, а сепак се несреќни.

Убавината не е ништо.

Видов убави мажи и убави жени кои беа несреќни и покрај нивната убавина.

И здравјето не е сѐ; секој е здрав кој се чувствува така; имаше пациенти полни со волја за живот кои ја негуваа до самиот крај и имаше здрави кои заминаа измачувани од страв од страдање.

Но, среќата секогаш беше таму каде што некој знаеше да сака и да живее за своите чувства;

ако ги негуваше, ако не ги газеше и потиснуваше, тие му носеа задоволство.

Убавината не дава радост на оној што ја поседува, туку на оној што знае да ја сака и да и се восхитува.

Херман Хесе


ИзворФото: атма.хр