Хит трик за избелување на заби, магично делува: Ви требаат само 3 состојки кои веќе ги имате во вашата кујна (ВИДЕО)
Трик за бели совршено заби...
На социјалните мрежи постојано се споделуваат најразлични трикови како вашите заби да ги одржувате и да бидат бели.
Тиктокер неодамна сподели рецепт за белеење на забите кое
нема да му наштети на глеѓта и за кое стоматолозите се согласуваат дека
функционира.
Еве кои намирници ги користи за својот трик.
На видеото покажа дека смесата ја добива така што со вилушка се пасираат кивата и краставицата, а потоа се додава две лажички сода бикарбона и со тоа, како што вели, ги четка забите неколку пати неделно.
– Кивата е полна со калциум, а краставицата ќе помогне да се отстранат лошите бактерии од устата, рекол тој, а неговиот трик станал популарен откако стоматолог во своите коментари ја потврдил неговата ефикасност.
Д-р Џозеф Филд објасни дека иако оваа мешавина нема целосно да ја промени бојата на вашите заби, наскоро треба да видите разлика.
„Комбинацијата од киви, краставица и сода бикарбона добро ги отстранува остатоците од храна и пијалоци и ги избелува забите благодарение на благо абразивната природа на содата и овошните киселини од кивата и краставицата“, изјавил Филд.
- Смесата нанесувајте ја еднаш дневно не подолго од десет дена по ред, а потоа само еднаш или двапати месечно, советува тој, а доколку случајно немате киви или краставица дома, можете да направите и мешавина од сок од лимон и две лажички сода бикарбона за избелување.
Фото:Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs