Холивуд во исчекување за доделувањето на Оскарите - кoи се фаворитите?
Во театарот Долби во Лос Анѓелес вечерва ќе бидат доделени престижните Оскари, наградите на американската Академија за филмска уметност и наука.
Фаворитот по бројот на номинации е
филмот „The Shape of Water” (Обликот на водата) од мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо.
Покрај овој филм со 13 номинации, меѓу фаворитите е и „Данкирк“ на
режисерот Кристофер Нолан со осум номинации, додека седум доби филмот „Three Bilboards
Outside Ebbing, Missouri” на Мартин МекДонаг.
Сите три филмови се номинирани во категоријата за најдобар филм, заедно "Call Me By Your
Name", "Darkest Hour", "Get Out", "Lady Bird", "Phantom Thread" и "The Post".
„Обликот на водата“ меѓу останатото доби номинации за најдобра актерка, најдобра машка и
женска споредна улога, режија, сценарио, оригинална музика и најдобра фотографија.
Во категоријата најдобар актер Гери Олдман се смета за фаворит за улогата на Винстон
Черчил во филмот „Darkest Hour”.