Холивудската дива (55) тренира како ѕвер 4 часа на ден, а позираше со бомба деколте и го „изгоре“ Инстаграм: „Вистинска природна убавица“

Годините минуваат, но Хали Бери не се менува! 55-годишната девојка сѐ уште може да се пофали со неверојатна фигура и лице без брчки, а со задоволство ги покажува своите атрибути на социјалните мрежи.

Актерката неодамна се пофали со заводливо, впечатливо издание кое го истакна нејзиниот шарм, а оваа атрактивна комбинација и тоа како го „запали“ Инстаграм – им се допадна на речиси 300 илјади луѓе!

View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry)



Хали позираше во сребрен комбинезон опкружен со светки со потписот на брендот Амен и не само што ја истакна својата извајана фигура, туку е создаден да привлече погледи бидејќи го краси прилично големо деколте.

Имено, згодната 55-годишна дама во оваа креација ги покажа своите природни бујни гради, а ваквото деколте кое достигнува речиси до папокот секако бара храброст и смелост. Но, на актерката тоа секако никогаш не и недостасувало!

„Животот не е секогаш совршен, но овој проклет комбинезон е“, напиша Хали покрај фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry)



Очекувано, имаше бројни комплименти за ова предизвикувачко издание. „Ти си вистинска природна убавица“, „Оваа жена има неверојатна фигура“, „Толку волшебно, без навестување за пластична операција“, „Толку фит и убава“, „Секоја чест“, „Ти си најсовршената жена во светот“, се само дел од коментарите.

Инаку, не е ни чудо што Бери изгледа вака - таа веќе неколку години е посветена на кондицијата и напорните тренинзи, а тие се нејзината страст.

Таа ужива во тренинзите во бокс, а покрај тоа практикува трчање, кардио тренинг со висок интензитет, тренинзи за сила и јога, а наводно вежба и до четири часа на ден. Покрај сето тоа, оваа убавица има и специфичен начин на исхрана - ја практикува кето диетата и методот на повремено постење.


Фото: Profimedia