ХОРОР ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ПОСЛЕ ПОЛНОЌ - од зад грб покрил сестра со чаршав и ја бодел во вратот и рамото

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј. (38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил медицинска сестра на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, завчера после полноќ, соопшти МВР.

Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Инаку, како што говорат информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и и ставил чаршаф на главата. Потоа почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој и ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги зел ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се онесвестила.


Детали читајте на Фактор тука.