Хороскоп за милијардери: Ова се најбогатите знаци во Зодијакот

Добивај вести на Viber

Астрологијата вели дека распоредот на ѕвездите во моментот на раѓање ја одредува нашата судбина. Некои веруваат дека тоа е вистина, други веруваат дека секој е креатор на својата среќа. Меѓутоа, хороскопските експерти утврдиле кои знаци се најбогати, односно во кој период од годината се родени најбогатите луѓе на светот. Тие ја погледнале листата на милијардери на Форбс и дошле до заклучок дека повеќето од нив припаѓаат на знакот – Вага.

Во хороскопот на милијардерите, дури 27 од најбогатите луѓе на денешницата се Ваги. Можеби не ги знаете нивните имиња затоа што не се истакнуваат премногу, но затоа - тие имаат најмногу. Во таа група е и познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.

Второто место им припаѓа на Рибите, а меѓу 22-те супербогати личности се најдоа бизнисмените Руперт Мардок и Бернард Арно, директор на групацијата LVMH.

Третото место го делат Лав, Рак и Бик со многу гласни имиња како Илон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукерберг, коосновачот на Google Сергеј Брн... Најмалку милијардери, „само“ осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив е и Џеф Безос.

Ајде да прошетаме низ светот на шоу-бизнисот. Ким Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, на 21 октомври слави роденден, што значи дека припаѓа на знакот Вага. Ријана е побогата за двесте илјади долари. Таа е Риба. Музичкиот магнат Џеј Зи, кој има две ипол милијарди на сметката, е роден во знакот на Стрелец.

Фото: Freepik.com
Извор: Pink.rs