ХОРОСКОП: Двојка која никогаш нема да раскине!

Добивај вести на Viber

На некои двојки ѕвездите им предвидуваат дека засекогаш ќе бидат во љубов. За оваа астролошка комбинација велат дека е нераскинлива. Очекувано или не, во прашање се Лав и Вага. Една од најинтересните комбинации во Зодијакот, дотолку повеќе ако жената е Вага, а мажот Лав .

Уште при самото запознавање меѓу нив може да се роди голема симпатија и силна љубовно-сексуална привлечност. Лавот е навикнат на комплименти, внимание и љубезност, додека Вагата по љубезност, во однос на другите хороскопски знаци го зазема првото место. 

Двајцата умеат да бидат нежни, а во друштво си подаруваат внимание без заддршка. Нивниот живот може да биде навистина гламурозен, а како двајцата уживаат во тоа, ретко се соочуваат со конфликтни ситуации. 

Вагата нема секогаш да ја прикрие својата посесивност, но доминантниот Лав на такви ситници просто не им обрнува внимание. Што е најважно, двајцата се врвни комуникатори, и тоа е тајната на нивната трајна љубов. Каков проблем и да се појави, тие двајца ќе го решат со разговор.