Хороскопски знаци кои никогаш нема да ве излажат: Среќа е да ви се блиски пријатели
Иако сите понекогаш би излажале за да се извадат од некоја непријатна ситуација, бидете сигурни дека овие два знака секогаш ќе ви ја кажат вистината во лице, без разлика дали е добра или лоша.
Овен
Припадниците на овој знак се многу искрени, а најважната причина е тоа што немаат волја за лажење ниту пак сакаат да ја трошат својата енергија на такви работи. Дури и по цена да повредат некого со својата искреност, ќе го изберат тоа пред да излажат за било што. Тие сакаат да го дадат своето мислење, а истото го очекуваат и од другата страна. Често умеат да ги повредат останатите со своите отворени размислувања и подоцна им е жал за тоа, но по некое време повторно исто постапуваат.
Стрелец
За Стрелецот може слободно да се каже дека е најискрениот знак во хороскопот. Понекогаш овие луѓе умеат да претераат со раскажување постојано една приказна од својот живот или од животот на пријателите, но тоа го прават за да го забавуваат друштвото. Меѓутоа, не сакаат да лажат во никој случај – тоа го избегнуваат дури и кога знаат дека е за нечие добро. Ќе ја кажат и најлошата вистина, затоа што сметаат дека така е најдобро.