Хороскопски знак кој е многу емотивен и со силна интуиција

Ако сте родени во знакот на риби, вие имате силно развиена интуиција, емотивни сте и секогаш знаете што се случува во вашата околина.  

Вие сте исклучително креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Секој човек роден во знакот на риби треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите доаѓаат додека тие спијат. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.

Никогаш не сте агресивни, и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат правец или не. 

Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката.