Девица - Од 19 јуни натаму можно е да ви се причинува дека партнерот не ве сака повеќе, дека крие нешто од вас или дека повеќе не ве гледа со исти очи како некогаш. Многу е важно е да разговарате со него во овој период наместо да претпоставувате кои се причините за неговото однесување.
Полната месечина на 28 јуни ќе ви помогне барем накратко да си ја вратите хармонијата во врската. Таа ќе настапи во вашата 5-та куќа на страста и романсата, разгорувајќи ја искрата меѓу вас и партнерот. Некои девици ќе се израдуваат на позитивен тест за бременост, други ќе уживаат во страсната ноќ, а трети ќе му го привлекуваат погледот на партнерот со гламурозниот изглед.