Хуманитарна дружба во домот „11ти Октомври“

Апсолвентите од Факултетот за Дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет во соработка со GipsImobilia и „11ти Октомври” организираат хуманитарна дружба со децата од домот. 

Настанот ќе се одржи на 23ти (сабота) од 11 до 13 часот во дворот на домот. Сите собрани средства ќе бидат донирани кон разубавување и опремување на домот. Влезниците за настанот не се наплаќаат, но задолжително е да донесете еден подарок/донација (играчки, облека...) 

Дружбата е трета иницијатива во летниот семестар, претходена од изработени мурали во становите во домот. Како завршен настан, нашата цел е да се дружиме, забавуваме, спортуваме и заедно да креираме детски насмевки.

Со вкупно четири активности, во дворот ќе можете да пробате вкусни колачи, да учествувате во цветната лотарија, да спортувате или да ни ја покажете вашата креативност во уметничкото катче. 

Дојдете да се забавуваме со добра музика и добро друштво! Ве очекуваме!