Хурем ги загрижи, па разбесни обожавателите: „Нагло ослабе и уште позираш за руски магазин?“

Таа со најновите објави на Инстаграм ги сподели мислењата на публиката. Таа прво покажа како многу брзо ги изгубила вишокот килограми, а потоа се нашла пред објективот за насловната страница на руски магазин

Актерката Мерјем Узерли (38) на јавноста и е најпозната по улогата на неодоливата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“. Таа неодамна се породи по втор пат, а по породувањето реши да ја доведе својата фигура до совршенство. Обожавателите беа многу загрижени поради наглото слабеење на актерката, но со еден потег на социјалните мрежи таа привлече многу негативни коментари за себе.

Се чини дека актерката со ригорозен режим решила да се ослободи од вишокот килограми по породувањето, па загрижила многу обожаватели. Многумина мислат дека таа всушност не тренирала туку дека има сериозни здравствени проблеми поради минатото каде имала депресивни епизоди, па дури и еднаш се обидела да си го одземе животот.



Имено, актерката забременила со брокерот и бизнисмен Кан Атес (52), кој е 17 години постар од неа. За време на снимањето на јубилејната 100-та епизода на „Сулејман Величествениот“, таа побегнала од сетот и подоцна се дознало дека нејзиниот поранешен вереник Атеш ја наговорил да абортира и ја избркал од станот. Поради тоа имала чести епизоди на депресија, но на крајот решила да ја роди својата прва ќерка Лаура и животот и се променил.

Набргу потоа се посвети на козметичките зафати каде четири пати ги зголеми усните, ги нагласи јаготките и ги подигна веѓите. Мајката на две ќерки сега е во среќна врска, а таткото на малата Лили Кои вешто се крие од јавноста.

Актерката со неодамнешната објава предизвика и жестоки коментари на својот Инстаграм профил. Таа позираше за насловната страница на рускиот магазин Hello за следниот месец.


Foto: Instagram/MeryemUzerli



Обожавателите се разочарани и го кажаа своето мислење во бројни коментари, токму поради тоа што актерката се прослави со улогата на слугинката која доаѓа од Украина, Хурем.

- Појавувањето во руски магазин не е нешто со што сега треба да се гордеете, напротив, треба да се срамите - гласи еден коментар.

- Додека целиот свет ја поддржува Украина, вие правите реклама за Русија. Срам да ви е - рекол друг.

- Зарем не би било правилно да ѝ укажете на вистината на вашата публика, на руските симпатизери чии мозоци најчесто се испрани со пропаганда? Ме растажува затоа што мајката на две деца молчи додека Русите ги гранатираат породилиштата во Мариупол – пишува трет корисник.

Многумина се запрашаа зошто актерката не зборува за воената состојба во Украина, додека други сметаат дека со овој потег го „покажала своето вистинско лице“.

Ги покажа ќерките: Турската актерка Мерјем ужива во празничната атмосфера со Лара и Лили (ФОТО)