И по Каролина- Каролина: Модата на Манаки, „Црнила од Коле Чашуле“

Новото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ вчера започна со музички перформанс на Каролина Гочева, која придружувана од Никола Мицевски на пијано изведе неколку нумери од филмови. 

Годинава добитници на специјалната камера 300 за особен придонес во филмската уметност се: Андреј Кончаловски, рускиот волшебник на филмската магија и Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика.

Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Северџан Бајрам.

Но, како и секогаш, најголемото внимание го привлекоа оние кои газена на црвениот килим. Имаше што да се види, но тој гламур што го гледаме на интернационалните филмски фестивали, го немаше. Чест на исклучоци кои се погрижиле со својот изглед да му оддадат почит на така реномираниот фестивал- единствен од овој вид кај нас.

Претежно се носеше облека во црна боја (за многумина непогрешлив избор, но се‘ си има граница), скромно, невпечатливо, многу, многу едноставно... Посебно кај дамите.

Да, Каролина носеше црно, но веќе е излишно да кажеме дека нејзе се‘ и стои, знае да ги носи нештата и ова е едно од нејзините најубави изданија.


Но затоа пак, мажите изненадија. Со елегантни костуми, пеперутка вратоврска и шарм од стариот Холивуд, изгледаа навистина добро.

Ние нема да генерализираме. 


Фото: Официјален Фб профил на International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS

Р.Ж.М