И покрај сите милиони, приоритет му е семејството: Тајната на Стивен Спилберг за долг и среќен брак

Добивај вести на Viber

По 3 децении брак, Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт Капшо се уште се вљубени еден во друг и нивната врска со текот на времето станува се посилна.

Стивен Спилберг и Кејт Капшо се запознале во 1984 година на снимањето на филмот Индијана Џонс, но искрите долетале дури неколку години подоцна, а потоа почнале да излегуваат.

Пред врската со Кејт, Спилберг беше во брак со актерката и пејачка Ејми Ирвинг, со која доби син по име Макс. Двојката се раздели во 1989 година, а тој и Кејт започнале да живеат заедно истата година. Во тоа време, Кејт имала еден брак зад себе и две деца - нејзината биолошка ќерка Џесика и нејзиниот посвоен син Тео. 

Набргу потоа, Стивен го посвоил Тео. Во 1990 година, среќната двојка го добила своето прво биолошко дете, ќерката Саша. Кејт и децата потоа преминале во јудаизам, а следната година се омажила за Стивен. После тоа, парот доби уште две биолошки деца: ќерката Дестри и синот Соер, а во 1996 година посвоија уште една ќерка Микаела.

Стивен признава дека да има големо семејство не било нешто на што планирал или се надевал. Мислел дека нема да може да жонглира со родителството и кариерата, но со текот на времето се предомислил. Еден од неговите синови признава дека Стивен успешно го комбинира својот талент за снимање филмови и улогата на татко: „Неговите режисерски способности функционираа и во кино и дома“. 

Како што растело нивното семејство, Кејт решила да направи пауза во кариерата.

Но, всушност, Кејт е „водечката дама“ на нивното семејство. Таа не жали што го напуштила центарот на вниманието за да поминува повеќе време со своите деца и да се грижи за своето семејство: „Стивен и јас сме партнери, а нашиот заеднички живот е наша продукција“, објасни во една прилика Кејт, додавајќи дека семејството е повеќе нејзина сцена додека нејзиниот сопругот снима филмови: „Тој лета со својот авион - камерата и приказната. Мојот авион е семејство“, истакна таа. 

Иако е озлогласено заштитнички настроен кон својот приватен живот и ретко зборува за тоа во интервјуата, Стивен признава дека овој брак со љубов е нешто што го променило на многу начини, велејќи дека наоѓањето на љубовта на неговиот живот било неговото најголемо „одредување на карактерот“ и дефинитивен момент за него: „Ова се случи кога ја запознав и ја оженив Кејт“.

Среќен брак од 3 децении е редок скапоцен камен што доволно зборува за тоа колку длабоко се ценат и грижат еден за друг. Кејт еднаш изјави дека многу ја почитува неговата посветеност на кариерата и дека тој пак ја почитува исклучително важната улога што таа ја игра во нивното семејство. И двајцата ја знаат вредноста на искрената комуникација, која е основа на секоја трајна врска.


Фото: Профимедиа