Ѝ се смеат на малите гради, а нејзината самодоверба расте: Не ми е гајле, си го сакам телото

Клара Дао, е млада девојка која се залага на создавање позитивна слика за сопственото тело, бидејќи, како што вели, поминала години и години сама во страдање без гради. 

Сакала да го промени тоа, но пред да одлучи да оди под нож, почнала да работи на себе и на својата самодоверба. Со многу напор таа развила попозитивна слика за себе и едноставно станала горда на телото што го има. Таа создала профил на TikTok за да го „шири позитивното“ меѓу другите девојки и жени кои се борат со несигурноста.

Клара раскажала дека многу корисници почнале да ја исмеваат за нејзиното тело и ја нарекувале „момче“, а добила и коментар дека никогаш нема да може да ги дои своите деца. И покрај ова, таа повеќе нема да дозволи да се намали нејзината самодоверба. 

@clara_dao

please don’t assume that all women want kids :)

♬ "Shake that A$$" by KueenD -

„Мислам дека облините не ја дефинираат жената, ниту недостатокот на истите“, гордо вели таа и кажува дека дури и нејзините родители ја предупредувале да почне да јаде, но таа е природно слаба и помала во градбата. 

Заедно со многу осуди, Клара доби и многу позитивни пораки и благодарност од девојките што и помогнало да се стекне самодоверба и да ја отфрли опцијата да оди под нож, пренесува The Sun.