И за слава и за секојдневно послужување: Незаборавни бомбици од кикирики кои не се печат и се топат во уста (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Ви треба брз и лесен рецепт за бомбици што не чинат премногу? Сигурно ќе ви се допадне овој! Идеални се за со кафе или после ручек, без некоја посебна пригода.

За овие чоколадни бомбици не е потребно печење, а оваа верзија со кикирики е совршена - имаат полн и интензивен вкус, сочни се и  се подготвуваат многу брзо.

Состојки:

200 грама мелени бисквити

100 милилитри вода

5 лажици масло

300 грама шеќер

130 грама омекнат маргарин

200 грама мелени кикирики

100 грама темно чоколадо

кикирики за декорација, сечкани или крупно мелени

Подготовка: 

Од шеќер и вода направете сируп од карамела, па тргнете го од оган и додадете сечкан маргарин, па мешајте додека маргаринот не се растопи.

Потоа додадете мелени кикиритки и бисквити и месете добро да се соединат, па покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер да отстои половина час.

Чоколадото со пет лажици масло растопете го на пареа.

Извадете ја смесата од фрижидер, па со чисти раце формирајте топчиња и секое потопете го во растопено чоколадо, па во сечкани или крупно мелени кикирики. Се редат во плех и на крај се враќаат во фрижидер.


Извор: glossy.espreso.co.rs