Идеални дестинации за одмор според хороскопот!

Овен 

На патувањето е секогаш во акција, и секогаш прв превзема иницијатива и организација. Сака „живи" места како Берлин, Камбоџа, Непал и Мексико. 

Бик 

Најмногу од се, сака удобност. Не е подготвен на ризик и не се чувствува сигурно на непозната територија. Важни му се кулинарските доживувања, и со задоволство ги посетуваат дестинациите како Болоња, Даблин, Парма, Цирих, Мајорка, Монако и Израел. 

Близнаци 

Сакаат различни нешта, со задоволство патуваат, а честопати се учесници на едукативни патувања и натпревари во странство. Сакаат да запознаваат нови луѓе па одлично се снаоѓаат во Лондон, Буенос Аирес, Египет, Данска, Норвешка, Тунис и Турција. 

Рак 

Колку поедноставно и поудобно – толку подобро. Раковите ги фасцинира природата, а на патувањето сакаат да се чувствуваат како дома. Иделани дестинации: Милано, Амстердам, градови кои лежат на море, Венеција, Аргентина, Тајланд и Виетнам. 

Лав 

Лавот бара луксуз. Сака да го третираат како крал, сака авантури и подготвен е на патувањето да потроши повеќе пари отколку што би потрошиле останатите знаци. Најдобро се снаоѓа во големи и развиени градови. Совршена комбинација од уживање и забава му пружаат Лос Анџелес, Чикаго и Рим. 

Девица 

Сака кога патувањата се однапред испланирани до детали, и многу внимание посветува планирајќи ги трошоците. Девиците сакаат чистота и хигиена, а најсреќни се кога на патувањето можат да направат нешто добро за своето здравје. Сакаат градови како Базел, Бостон, Лион. 

Вага 

Сака класична убавина, места со природни богатства, културна понуда и атмосфера на улиците. Оваа совршена комбинација ја има во Хонг Конг, Лисабон, Копенхаген, Шангај, Виена и Нов Зеланд. 

Скорпија 

Бара мистични дестинации, таинствени локации и возбудливи ситуации – односно се што ја разбудува нивната фантазија. Токму поради тоа скорпиите добео се чувстввуаат во Ливерпул, Минхен, Токио, Вашингтон, Хрватска, Либанон, Мароко, Шпанија и Унгарија. 

Стрелец 

Стрелците се космополитски настроени. Четопати патуваат со задоволство – или во странство, или во сопствената земја. Секаде се чувствуваат како дома, лесно стекнуваат пријателства и одлично се ориентираат. Сакаат да разгледуваат земји како Финска, Австралија, Кенија, Перу и Шведска. 

Јарец 

Едноставно не сака да патува. Тешко се одлучува да го напушти својот дом, но кога конечно ќе се реши да го направи тоа, преферира класични дестинации. На патувања оди ретко, и воглавно патувањата траат кратко. Им одговараат дестинации како Охсфорд, Москва, Варшава, Чешка и Јужноафриканската Република. 

Водолија 

Бара возбуда и градови кои никогаш не спијат. Сакаат разноликост, па патувањата ги користат и за шетање, и за пикник, и за разгледување културни знаменитости, посета на ресторани, концерти, претстави... Богата понуда каква што сакаат водолиите има во Њујорк, Сан Франциско, Сиднеј и во Русија. 

Риби 

Не можат да замислат летување без море. Ги опушта погледот во далечнина, мирот, романтиката, залезот на сонцето и природните убавини. Совршени дестинации се: Сантјаго де Компостела, Севиља, Ерусалим, Бангкок, Португалија и Шри Ланка.