Иџе емотивно до сопругата по повод годишнината од бракот: „Те сакам како и пред 15 години“

Иџе е миленик на младата генерација, особено на оние кои ги сакаат брзите автомобили и трките, позитивен, непосреден и успешен, а на тркачката патека - недостижен, Игор Стефановски - Иџе.

Овој пат, Иџе ја покажа неговата романтична страна и пред јавноста преку социјалните мрежи и упати емотивна порака на сопругата Емилија со која деновиве прославија 15 години брак.

„На денешен ден пред 15 години... те сакам како и секогаш... СРЕЌНА ГОДИНШИНА...“ - пишува Иџе во објавата на Фејсбук покрај која сподели и фотографии.


Да ви се можат годините, Иџе и Емилија!