Или ќе се вакцинираме или ќе се заразиме: Познат микробиолог со предупредување
Добро познат микробиолог
испраќа јасна порака до сите
Коронавирусот сега е невозможно да се избегне, и ако не се вакцинираме порано или подоцна, барем 95% од луѓето ќе се сретнат со вирусот, рече микробиологот од Сан Диего, д-р Милош Бабиќ.
Една недела по целосната имунизација на граѓаните во Израел, резултатите од истражувањето покажуваат дека само 0,04 проценти од вакцинираните се заразиле со коронавирус. Помалку добри вести доаѓаат од Велика Британија. Епидемиолозите сметаат дека новиот сој на корона вирусот е 30% по смртоносен и дека се шири 70% побрзо.
Молекуларниот биолог од Сан Диего вели дека вирусот сега е ендемичен, тој се шири низ популацијата и е невозможно да се избегне.
- Порано или подоцна, најмалку 95% од луѓето ќе бидат во контакт со вирусот. Ризикот е вирус, а изборот е дали ќе примиме вакцина или ќе се заразиме со вирусот - посочи Бабиќ.
На прашањето што се случува со оние кои се здрави и не веруваат дека можат да бидат заразени, микробиологот вели дека секој 500 од тие здрави луѓе ќе умрат, додека 10% ќе завршат во болница и ќе се опоравуваат подолго од болеста.
Ќе трае подолго пандемијата, ако не се вакцинираме, за да постигнеме колективен имунитет, а колку подолго трае епидемијата, толку повеќе можности има вирусот да мутира и да се појават нови видови.
- Податоците од Бразил покажуваат најдобро, дека за колективен имунитет е потребно најмалку 80 проценти од луѓето или да се заразиле со вирусот или да бидаат вакцинирани - наведува Бабиќ.
Никој не може да каже во кој точно период треба да се вакцинираме за да престане епидемијата, но колку повеќе се одложува, толку е поголем ризикот од нови видови.
- Вакцинацијата оди некаде добро, некаде не. Израел вакцинираше повеќе од една третина од населението, темпото во Европа и Америка не е добро, а е страшно во многу сиромашни земји во Африка и Јужна Америка - посочува Бабиќ.
Тој исто така вели дека колку повеќе луѓе се заразени, толку повеќе мутации ќе има и можност да се појави нов вид.
Микробиологот потенцира дека најопасните вируси се оние кои не ги знаеме.
- Луѓето не се свесни колку често се случува ова и вирусолозите и лекарите напорно работат на запирање на вирусите ширум светот, а ние мора да разбереме дека ова е постојана закана за сите нас. Затоа е многу важна меѓународната соработка, како и политичката волја таа соработка да постои - заклучи макробиологот од Сан Диего, д-р Милош Бабиќ.
Фото: Youtube/screenshoot/Vijesti Online
Можеби ќе ве интересира:
Познат гинеколог разјасни: Може ли бремените жени да се вакцинираат против корона вирус?