Им завидувам на помладите мажи: Љубовен концерт на Жељко Јоксимовиќ
Вистинска предновогодишна бајка беше концертот на Жељко Јоксимовиќ, во Македонската опера и балет. Со третиот дел од проектот „Два света", тој втор пат дојде во Скопје, и ги испеа нему најдрагите хитови од неговите колеги од поранешна Југославија во џез и свинг аранжмани.
Добар дел од концертот, Јоксимовиќ и посвети на филмската музика. Пеејќи ги темите од "Балкан експрес", "Грлом у јагоде",,"Балкански шпијун", на видео бим се редеа слики од култните серии, како убаво сеќавање колку Југославија имала квалитетни актери и филмски тимови.
„Секоја жена копнее да се најде во песна. Некоја Јована сака да бели платно, а на мојата Јована и е сеедно. Само да и пеам“, рече Јоксимовиќ пред да ја испее „Јовано Јованке".
„ Им завидувам на помладите мажи“ ,додаде тој.„Тие на жените им се додворуваат на Инстаграм. Оваа песна е за сите дами кои немаат Инстаграм".
Кај Жељко ништо не е случајно. Секоја реплика меѓу песните му беше внимателно смислена и забавна за публиката. Носталгија разбуди легендарната песна "Земљо моја" од Исмета Крвавац, со која раскажа колку му недостасува Југославија.
"За љубов е потребна поголема сила отколку да почнете војна", раскажа Жељко. Откри дека се прави за љубов на својата сопруга, водителката Јована Јанковиќ, поради која почнал да гледа Утринска програма.
Целиот концерт беше во знак на љубовта, носталгијата и убавата музика. Заврши најдобро што можеше, со песна од Оливер Драгојевиќ. Следи вториот, од 22 часот на истото место, во организација на Прагма продукција.
М.Џаровска