Има 51 година, а тело на двојно помлада: Убавата актерка остава без здив на плажа, а ОВА е тајната на нејзиниот изглед

Многумина се прашуваа како се храни Падма Лакшми кога изгледа толку добро и покрај тоа што навлегува во шестата деценија од животот

Актерката со индиско потекло Падма Лакшми, иако има 51 година, вели дека е послаба од кога било досега.

Таа вели дека својот младешки изглед го должи на строгата диета која е полна со здрави намирници.

Од моментот кога се појавија фотографиите на славната 51-годишна жена на Интернет, комплиментите не престануваа да се редат, а многумина мораа да погледнат уште еднаш кога ќе ја прочитаат нејзината возраст.

View this post on Instagram

A post shared by Padma Lakshmi (@padmalakshmi)


„Кралица“, „Божица“, „Какво тело“, „Оваа жена е зачудувачка“, „Јас сум без зборови“, „Леле, едноставно леле“... ова е само дел од она што можеше да се прочита на мрежите.

„Откако знам за себе, сега сум најслаба. Завршив со снимање на емисијата „Топ Шеф“ за оваа сезона, па мојата исхрана е урамнотежена, изјави Падма за „People“ која објасни дека сите се трудат да изгледат како некои модели, носат некои кроеви па често изгледаат како „колбаси“, а не како луѓе во облека.

View this post on Instagram

A post shared by Padma Lakshmi (@padmalakshmi)


Рекла и дека не верува во трикови за слабеење. Таа верува само во здрава исхрана.

„Храната се подготвува дома, а не на фабричка линија. Тоа е единствената вистина. И да, јас не јадам брашно", искрена е таа.

И тимот на магазинот „Life & Style“ се обиде да открие дали индиската убавица имала одредени интервенции кои оставаат впечаток на многу помлада жена.

„Таа има неколку нежни брчки на челото кои укажуваат дека немала ботокс. А нејзините јаболчници изгледаат сосема природно. Единствената можност е да има филери во устата, но ниту тоа не е сосема сигурно. Некои жени се добри во користењето на шминка и со едноставни трикови изгледаат сосема поинаку“, изјави за магазинот д-р Ендрју Милер, искусен естетски хирург.


Фото: Инстаграм