Има 92 години и е најстариот виолинист кај нас: Ѓоко Николовски со порака до уметниците

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски виолинист Ѓоко Николовски, долгогодишен концерт мајстор на оркестарот на Македонската опера и балет и најстар активен виолинист на овие простори, за неколку дена ќе наполни 92 години, јавува порталот „Охрид њуз“.

Николовски со големо внимание ги следи настаните на фестивалот „Охридско лето“, за него врвна културна манифестација во светски рамки која, како што вели, мора да ја чуваме и негуваме соодветно.

- Нека ми се лути кој што сака, но јас мора ова да го кажам. Забележливи беа пропусти во музичката изведба на отворањето на фестивалот. „Охридско лето“ го знае цел свет и тука доаѓаат познати уметници. Затоа не смее да има вакви пропусти - вели Николовски за „Охрид њуз“.

Роден е на 14 август 1927 година во Битола и е највозрасниот активен музички уметник во нашата земја. На рана возраст почнал да свири виолина кај проф. академик Тодор Скаловски и маестро Трајко Прокопиев. Високо образование стекнал на музичката академија во Љубљана, а специјализирал на познатиот конзерваториум „Џузепе Верди“ во Милано и Миланската скала.