Има повеќе од 95 килограми, но не се срами да го покаже секој детаљ од телото во целосно проѕирен комбинезон, и да, изгледа заносно: За ова мора да сте храбри!

Супермоделот Карли Клос го прослави својот 30-ти роденден во престижен њујоршки клуб, а друштво и правеа нејзините блиски пријатели - сите по ред од познатите личности од А-листата. Меѓу гостите беше и најпознатата плус-сајз манекенка на светот, Ешли Греам, а нејзиното смело, секси издание ги привлече сите погледи.



Убавата бринета на забавата се појави во прилично смел аутфит кој беше направен за да привлече внимание, па не е ни чудо што папараците побрзаа да ја фотографираат.



Ешли избрала провокативен, проѕирен комбинезон во црна боја со плишан леопард принт, а оваа креација е украсена со пердуви на ракавите. 34-годишната девојка под комбинезонот одлучила да облече тесен, црн корсет, со што ги заштитила нејзините најинтимни делови со остроумен поглед, а сепак ја скокотнала сечија имагинација.

Изданието го комплетираше со модерни, едноставни папучи со прерамки и висока потпетица и ефектни прстени, а се одлучи за малку дива, секси фризура - ја пуштила долгата коса и ја извитка во лежерни бранови.

Греам истиот ден се прошета низ Њујорк во елегантен, шик фустан со миди должина, А-линија со пуфракави и леопард принт, а ова издание ни се допадна многу повеќе, мораме да признаеме! Го комплетираше со црни сандали и брендирана, црна чанта.

View this post on Instagram

A post shared by VS Street Style (@vsstreetstyle)



View this post on Instagram

A post shared by ruth (@ruth4me)



Да потсетиме дека Ешли се породи пред само седум месеци, роди близнаци, а тоа и беше втора бременост. Таа во неколку наврати со гордост ги покажа своите стрии, нарекувајќи ги „дрвото на животот“ и потсетување дека женското тело е способно да донесе нов живот.

Инаку, славната убавица минатата година призна дека и денес води фрустрирачки разговори за својот физички изглед, исто како на почетокот на кариерата, иако многумина веруваат дека таа ги поместила границите на манекенството.

„Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукам од самодоверба и коментираат за мојот стил на облекување. Само затоа што носам големина 16 (американска големина, prim.aut), тежам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека сакам да водам цело време разговори за тоа што е потребно за да имаш толкава самодоверба. Тоа што сум голема девојка не значи дека морам постојано да водам вакви разговори. Тоа е некако шокантно за мене бидејќи истите прашања не се бараат од послаби жени. На крајот, навистина не е сè до изгледот. Понекогаш она што е во нас е нешто на што треба да работиме“, заклучила таа.


Фото: Инстаграм