Не ѝ беа важни килограми во бременоста: Се породи една од најубавите манекенки во светот-и доби момчиња

Познатата убавица Ешли Греам стана мајка на уште две здрави момчиња.

Една од најпознатите и најубавите плус сајз манекенки Ешли Греам стана мајка на уште две момчиња. Манекенката се породила дома, во 40-та недела од бременоста.

Ешли на Инстаграм напиша дека бебињата се здрави и дека ќе оди на пауза за да им се посвети.


- Минатата година беше полна со мали изненадувања, голема тага, познати почетоци и нови приказни. Само што почнувам да разбирам и славам што ни значи ова следно поглавје – напишала Ешли во описот на фотографијата со која еднаш ја откри својата бременост.

Таа и нејзиниот сопруг Џастин Ервин веќе имаат едно дете - синот Исак, на кој Греам му е исклучително посветен.



- Кога забременив со Исак, се удрив по глава и реков: „Во ред, ќе мора да го практикуваш тоа што го пропагираш на сите“, бидејќи моето тело се менуваше неверојатно брзо. И не разбрав што всушност ќе ми направи бременоста, од стрии до качување 25 килограми. Сега во оваа бременост не сум се измерила баш, затоа што едноставно не сакам да знам колку тежам. И тоа ми беше корисно бидејќи моето здравје не се одредува според мојата тежина. Знам дека многу се грижам за себе и за бебињата, но сепак постои овој разговор што постојано го водам со себе: „Твоето тело е храм. Твоето тело е силно. Твоето тело може да го направи тоа“, изјави неодамна Ешли.


Фото: Инстаграм Принтскрин