Има рак на дојка во четврта фаза, но не се откажува: Актерката вели дека ќе се бори и ќе работи додека е жива

Актерката Шенон Доерти (50) е најпозната по сериите Беверли Хилс 90210 и „Добро утро Америка“. Таа се бори со ракот на дојката, кој е во четврта фаза, и нагласува дека не планира да се откаже.

- Никогаш не сакам да се однесувам како да умирам. Само сакам да работам бидејќи ќе продолжам да се борам за да останам жива - вели таа и објасни дека не сака кога луѓето составуваат список со последни желби.

Актерката поминува многу време со пријателите и семејството, и без оглед на нејзината болест, таа тврди дека ќе продолжи да работи.
- Многу луѓе на кои им е дијагностицирана четвртата фаза се отпишани на некој начин. Се претпоставува дека тие не можат да работат или не можат да работат со полн капацитет, и тоа не е точно - вели Шенон. Таа ги замолила сите да престанат да ја прават таа претпоставка и да ѝ дадат шанса да докаже дека не се во право.


Актерката за прв пат беше дијагностицирана со рак на дојка во март 2015 година, а беше подложена на мастектомија во мај 2016 година. Во февруари 2020 година, таа откри дека болеста е во четврта фаза.

извор:kurir.rs

Поврзани вести:

Лавицата дочека уште еден роденден: И покрај тешката болест, актерката Шенон Доерти не се предава и верува во чуда

Надежта умира последна: Шенон Доерти, решена да се бори до крај - верува дека „чудо“ ќе ја излечи

Го одбра фустанот во кој сака да биде погребана: Шенон Доерти ги растажи обожавателите