Надежта умира последна: Шенон Доерти, решена да се бори до крај - верува дека „чудо“ ќе ја излечи

Актерката ја зграпчува последната „сламка“ на надежта во нејзината желба да ја победи злобната болест.

Поранешната sвезда на хит серијата „Беверли Хилс“ од 90-тите, Шенон Доерти, пред неколку месеци ги откри лошите вести, дека ѝ се вратил ракот на дојка, и тоа во уште посилна, четврта фаза.
Светските медиуми објавија дека Шенон се помирила со фактот дека овој пат нема да може да ја надмине оваа малигна болест и дека се подготвува за смрт. Сепак, магазинот National Enquirer им даде малку надеж на обожавателите на оваа актерка, тие пишуваат дека Шенон не се помирила со смртта, но очајно се обидувала да најде алтернативен, „чудо“ од лек што ќе ѝ го спаси животот.

Извор близок на актерката открил дека Шенон се свртела кон алтернативната медицина, особено кинеската. Иако не се откажуваше од традиционалните западни методи на лекување, смртоносната болест што го уништи нејзиното тело ја натера да се реши да бара од природата „чудесен“ хербален лек што може да ја спаси, бидејќи хемотерапијата не ѝ помогна.

„Таа посетува голем број специјалисти од областа на алтернативната медицина, додека сè уште има сила во нејзиното тело. Оди на акупунктура и пие мешавини од разни необични и лековити растенија, кои наводно го забавуваат растот и ширењето на клетките на ракот", изјави извор близок на актерката.

Доерти неодамна ги растажи своите обожаватели кога откри дека го одбрала фустанот во кој сака да биде погребана.

фото:Theshando
извор:stil.kurir.rs