Го одбра фустанот во кој сака да биде погребана: Шенон Доерти ги растажи обожавателите

Актерката е свесна дека нејзината болест напредува и не се плаши од тоа што доаѓа, напротив се подготвува и вели дека сака на сите да им остане во најдобро сеќавање, затоа веќе одлучи и во што сака да биде облечена за сопствениот погреб, колку и бизарно и тешко да звучи ова.
Едноставно, таа ја прифати и се соочи со тешката битка.

Американската актерка и продуцентка Шенон Доерти, која се прослави со улогите како Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“ и улогата на Пру во серијата „Вештерки“, со години се бори со рак, а нејзиното здравје се влоши во последните неколку недели.

Таа неодамна призна дека е свесна дека нејзината болест напредува и дека сега е во четвртата фаза на рак, а неодамна изјави дека сака да пуштат песна на нејзиот погреб, а станува збор за песната „Солзи во рајот (Tears in Heaven)“.

Актерката сега повторно ги растажи своите обожаватели кога откри дека го одбрала фустанот во кој сака да биде погребана.

„Се обидував да поправам некои односи во последните неколку месеци, да им се извинам на луѓето што ги повредив - свесно или несвесно. Се обидувам да го живеам животот во потполност и да уживам во ова малку време што ми остана", рече таа и додаде:

„Знам во што сакам да одам во другиот свет. Подготвив фустан кој го добив од една од моите најдобри пријателки. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам за сите да останам во најдобро сеќавање", рече Шенон.