Имал 30 години кога таа се роди, сега се во брак: Сите мислат дека е дедо на нивниот син

Иако секој ден се соочуваат со лоши коментари поради големата разлика во возраста, семејството и пријателите го поддржуваат нивниот брак.

Социјалната работничка Ева (33) се омажи за 31 година постариот Петар (64), а нивната необична љубовна приказна никогаш не престанува да фасцинира.

Двојката се запознала на почетокот на 2012 година кога Ева започнала да ја посетува локалната црква каде се спријателила со поранешната сопруга на Петар со која тој останал во добри односи.

Ева тврди дека и е смешно кога странците мислат дека Петар е дедо на нивниот син.

„Пред некој ден ми пријде една жена во паркот и ми рече колку е прекрасно да се видат дедо и внуче како си играат. Потоа, мајка од роденденот на едно дете ми испрати порака дека татко ми е прекрасен. Отпрвин бев збунета и се прашував зошто мојот татко се појавил на неговиот роденден, а потоа сфатив дека мисли на Петар. Се смеевме на тоа. Немаше да бидеме заедно ако тоа ни пречи", вели Ева.

Реакции од семејството и пријателите

„Се дружевме во нејзината куќа, Петар беше таму а таа нè запозна велејќи:

Ќе се заљубиш во оваа девојка. Сигурна сум дека сепак мислеше на платонска љубов", вели Ева и додава:

Иако тоа не беше љубов на прв поглед, тие наскоро открија дека ги обединуваат заеднички интереси и се заљубија еден во друг.

Првата личност што забележала дека има искри меѓу нив е мајката на Ева, Сузан.

„И реков дека има нешто меѓу нас и не бев сигурна како ќе реагира. Но, таа ми рече дека е среќна се додека јас сум среќна. Од првиот ден ја прифати нашата врска “, откри Ева.

Нивниот брак им пречеше на многумина, но семејството и пријателите ги поддржуваа.

Потоа го запознала Петар со нејзиниот татко, кој е само три години постар од Петар.

Не бил пресреќен од разликата во годините, но ја прифатил нивната среќа.

Сепак, не сите ја поддржаа нивната врска.

„Луѓето го прашуваа зошто не најде некој на негова возраст, но моите пријатели воопшто не беа изненадени. Јас сум најзрелата меѓу нас, така што сите го гледаа како моја сродна душа“, додаде Ева.

Само шест месеци откако ја започнаа романсата, Ева имаше операција на 'рбетниот столб.

Петар беше со неа цело време и таа знаеше дека го пронашла вистинскиот партнер. Тие го прославија отпуштањето од болницата со романтичен ручек, а кратко потоа Петар ја запросил.

Тогаш тие започнаа да живеат заедно, а судбоносното „да“ го изговорија во октомври 2013 година.

Ева тврди дека нивната разлика во годините е благослов.

„Ја сакам неговата зрелост и мудрост. Делиме слични вредности што не можев да ги најдам кај мажите од мојата генерација. Тој е многу внимателен татко, што е тешко да се најде кај помладите луѓе, бидејќи тие се фокусираат на социјалниот живот и кариерата. Седум години сме во брак и секој ден сум се повеќе заљубена во него “, заклучи таа.

извор:stil.kurir.rs