Имала 106 килограми, а потоа целосно го променила животот: Адријана (24) ослабела 35 килограми и никој не може да ја препознае
Во својата најдебела фаза имала 106 килограми. Кога едно утро собрала храброст и стапнала на вагата, бројот што бил напишан таму ја шокирал.
Адријана Марш (24) од Лондон деновите ги поминувала посетувајќи ресторани и јадејќи висококалорични оброци. Познато е дека само мезето достигнува бројка од 2000 калории.
-После богатото мезе, би следелa пица, пилешки хамбургер или некое јадење со тестенини, кое пак може да има од 1000 до 2000 калории, а сo сето тоа и коктели. Пет пина колади имаат околу 870 калории, па моите вечери би можеле да достигнат и надминат 4.000 калории - вели таа.
Во текот на денот јадела сендвичи и слатки и така во текот на 2017 и 2018 година, што довело до драстично зголемување на килограмите. Во јануари 2019 година, таа одлучи да стави крај на тоа.
-Не се грижев премногу за тоа да бидам дебела, се додека повеќе не можев да најдам убава облека што ми стои. На крајот, не можев ниту да го облечам фустанот што го посакував за дипломирањето, бидејќи не беше во мојата големина.
Кога сфатила дека го мрази својот одраз во огледалото, знаела дека е време за радикална промена.
Решила да проба здрав начин на слабеење, диета која нема да и наштети на здравјето, туку ќе и помогне да ја регулира тежината. Од тој ден таа внесува околу 1500 калории дневно и успеала да изгуби 30 килограми.
Сега таа има 70 килограми и гордо ја покажува својата нова фигура поради која повторно се чувствува добро во сопствената кожа.
„Кога почнав со диетата, воопшто не верував во себе и макотрпно се борев да ја задржам мотивацијата. Во првиот месец ослабев 6,3 килограми“, вели таа.
Што јадела Андријана во минатото, а што јаде денес?
Еднаш многу одамна
Таа би го прескокнала појадокот.
Ручек - сендвич со сирење и шунка, кафе и диетален сок.
Закуски - шеќерни слатки и колачи
Вечера - Полнети компири како мезе, тестенини или пица како главно јадење.
Вечера во ресторан - Полнети компири за почеток и пица / пилешка плескавица и помфрит / тестенини како главно јадење
Пијалоци - Пиев до пет коктели
А сега:
Појадок: Кајгана и парче тост
Ручек: Пилешко или мисиркино месо, интегрален леб и салата или риба, леб и салата
Вечера: овесна каша или кефир и лен
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs