Имам 19 години , а маж ми 62! Моите родители повикаа полиција кога го видоа, а сега знаат дека тој е мојата сродна душа

Американска тинејџерка која се омажи за 42-години постара воена личност неодамна  за локалните медиуми откри дека нејзините родители сепак ја прифатиле нивната љубов, иако повикале полиција кога го виделе за прв пат

Припадничката на воената полиција, Одри Шајан-Смајли Мун (19), својот сопруг Кевин (62) го запознала на почетокот на 2020 година на популарната страница за состаноци Badoo. И покрај огромната разлика во годините, првично ја привлкол фактот дека тој е ветеран кој работел за воената полиција.

Неколку месеци откако почнале да се допишуваат, тие официјално станале двојка и се вљубиле! Во јули 2020 година, прв пат се бакнале.

„Бев возбудена и нервозна кога го сретнав. Тој се‘ уште зборува за денот кога првпат ме виде - ме погледна со толку страст. Кевин го направи првиот чекор, го зеде моето лице во неговите раце и се бакнавме за прв пат. Можеме и двајцата да се согласиме дека тоа беше навистина љубов на прв поглед“, рече 19-годишната Одри, пренесува „The ​​Sun“.

Ниту Одри, ниту Кевин, од Калифорнија, порано немале врска со толку голема разлика во годините, но и двајцата веруваат дека тоа не е важно затоа што имаат длабока врска и многу заеднички работи.


„Нашиот прв разговор беше за војската, но разговаравме за се‘. Бевме многу отворени еден кон друг. Исто така, Кевин е многу убав. Она што ја прави нашата врска одлична и совршена е тоа што чувствуваме се‘ повеќе љубов еден кон друг“, додава Одри.

Кевин е постар од двајцата родители на неговата сопруга - мајката на Одри има 38, а нејзиниот татко 43.

„Не можев да се справам со стресот и дека сето тоа го кријам од моето семејство, па се договоривме да дојде да се запознаат. Отпрвин беа непријателски расположени. Кога првпат дојдовме заедно, полицијата не чекаше пред куќата. Беше страшно, но Кевин беше подготвен да се бори за нас, за она во што верува. Сега, кога добро го познаваат, навистина го сакаат. Но, кога за првпат започна ... Секогаш кога ќе дојдеше по мене, постојано му викаа и тие направија се‘ што можеа за да му покажат колку е ужасно што ме сака. Но, тој им докажа колку искрено и длабоко ме сака“, вели таа.

„Се‘ уште не сме слушнале негативни коментари од странци, но тие често зјапаат во нас. Не ни пречи, фокусирани сме на нас", додаде таа. 

Двојката се венча во август оваа година во мала капела во Невада.

„Ние цело време зборуваме за нашата куќа од соништата и за бебе. Тој сака да биде татко кој ќе биде дома и ќе се грижи за нашето бебе додека работам. Сака да готви и чисти додека не се вратам дома, а потоа ние можеме да поминуваме време како семејство. Сакаме да патуваме со комбе. Да имаме куче. Ние само сакаме да бидеме заедно и никогаш повеќе да не се разделиме. Сакаме да добиеме наше бебе“, заклучи ова девојка.

Иако двојката е во брак, тие се‘ уште живеат одделно, бидејќи Одри работи во странство на Блискиот Исток, додека Кевин е во Калифорнија. Тие планираат да почнат да живеат заедно следната година кога Кевин ќе се пензионира. 

„Се уште го гледам со очи исполнети со чиста љубов и радост, и тој ме гледа мене на ист начин. Понекогаш сме толку среќни што почнуваме да плачеме. Сакам колку е страстен и трпелив. Луѓето на моја возраст се несериозни и себични, а Кевин е целосна спротивност. Тој ме разбира и се‘ што сака е да направи нешто за мене“, рече Одри, која себе си се опишува како стара душа.

„Не мислев дека ќе го сретнам човекот од соништата кој е и мој најдобар пријател и љубов. Тој е мојата сродна душа за која вреди да се борам. Нашата љубов е бескрајна и неопислива. Сакаме да му покажеме на светот дека не сме стереотипна врска помеѓу спонзорот и спонзоруша. Навистина се сакаме онакви какви што сме“, заклучи таа.


Фото: Инстаграм/audrey_smiley_moon041002

Имам 85 години, се разведов на 48 и оттогаш сакам само помлади мажи: Еве зошто не сум заинтересирана за мојата генерација