Имам 85 години, се разведов на 48 и оттогаш сакам само помлади мажи: Еве зошто не сум заинтересирана за мојата генерација

Хејти има 85 години и гордо кажува дека е „кугуарка“ (жена во зрели години која сака помлади мажи).

- Мојот брак се распадна кога имав 48 години. Оттогаш, ме интересираат само помлади мажи и се заколнав дека ќе излегувам само со нив - вели таа.


Таа наоѓа партнери на апликацијата за дружење „Бамбл“ и вели дека е одлично ослободување кога знаете дека дури и на 85-годишна возраст можете да доживеете интимност и љубов и да уживате во водење љубов.

- Се разведов од сопругот во 1984 година, бидејќи тој не се трудеше доволно за нашите деца да се запишат на колеџ. Неколку години после тоа, започнав да се дружам со помлади мажи, дури и во 2018 година учествував во шоу за помлади партнери. Тогаш имав момче кое имаше 39 години. Повеќе не сме заедно, но јас сепак излегувам само со помлади - вели таа.

„Јас сум кугуарка, мајка, баба на три внуци, поранешна танчерка и сега сум животен тренер и писател“, вели таа.

Нејзин главен совет, е луѓето да се самозадоволуваат.

- Мора да го правите тоа, моторот секогаш мора да е загреан - вели таа. Покрај тоа, вежба со децении, „Така сум секогаш подготвена за тежината на машкото тело“, советува таа.

- Не сакам постари мажи. Истрошени се, сите нивни бродови се потонати, ако успеал да постигне нешто, успеал, и сега само седи и чека смрт. Не го сакам тоа. Помладите мажи сè уште имаат ентузијазам и желба да направат нешто - заклучува таа.

извор:zena.blic.rs