Имав 100 килограми и не можев да поднесам сопругот да ме гледа: Го оставив на година дена, а потоа му се вратив во брутално добро издание (ФОТО)

Британката Џема Велш од Ливерпул во еден момент од животот имала 100 килограми, а ослабела толку многу што не можела да го поднесе погледот на својот сопруг Пол.

Нејзината самодоверба целосно паднала, а внатрешните промени се одразиле и на нејзиниот брак, па по 12 години љубов, парот решил да се раздели една година, за да разбере кои се нивните желби и потреби. Дури и ја продале куќата!

Џема почнала да се дебелее откако и бил дијагностициран меланом во стадиум I поради бенка на лицето. Стресот си го направи своето.

View this post on Instagram

A post shared by G E M  (@mrsgemshome)



„По таа дијагноза во 2015 година, почнав брзо да се дебелеам, бев мизерна и го допрев дното. Избегнаував да ме фотографираат, бракот ми се распадна, не можев да се погледнам и не сакав мојот сопруг да ме гледа. Пол ме сакаше без разлика на големината, но јас не се сакав себеси. Верувам дека не е важно каква големина носиш додека си среќен, но јас бев толку далеку од тоа да бидам среќна, вака 31 годишната жена ја започна својата приказна.

„Почнав лоша врска со храната. Се прејадував, па пробав да повратам, па гладував. Тоа беше мизерен круг. Пробав еден куп диети, но не можев да ослабам. Затоа решив да одам во Турција за операција на желудникот, тоа беше последната солуција. „Операцијата ме чинеше три илјади фунти“, додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by G E M (@mrsgemshome)



Во рок од осум месеци по операцијата, Гема ја достигнала потребната тежина од 63 килограми, а потоа изгубила уште неколку килограми.

„Сега имам 60 килограми и никогаш не сум се чувствувала подобро. Иако, сето ова не го направив поради таа бројка на вагата. Сакав да се чувствувам добро и да се чувствувам удобно во облеката што ја носам. Сега имам нов живот и мојата самодоверба е поголема од кога било“, вели таа.

Оваа Британка по трансформацијата му се вратила на сопругот.

„Имав една година да се грижам за себе и да се средам. Сега повторно сме з

View this post on Instagram

A post shared by G E M (@mrsgemshome)

аедно и сме посреќни од било кога. Пол ме сакаше безусловно, но се чувствував многу лошо поради мојата тежина. Тоа беше главниот фактор за раскинувањето на нашиот брак.Толку сум среќна што повторно сме заедно и што можам да носам облека во која не ни сонував дека ќе се вклопам“, заклучила Џема.


фото: инстаграм