Имав 106 пациенти со омикрон, а доминантен симптом е овој: Докторката која го откри овој сој посочува на што да внимаваме
фото:RTS / screenshot
Јужноафриканската лекарка која го откри видот на коронавирус - омикрон, објаснува се' за симптомите и клиничката слика на пациентите!
Омикрон, новиот вид на коронавирус, се шири низ целата планета. Во Јужна Африка се појави на крајот на ноември, а досега е потврден во 110 земји. Поради брзината на проширување, многу земји повторно се затворени. Д-р Анџелик Коце, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, откри како во Јужна Африка се откриени првите случаи на инфекција, кои симптоми се разликуваат од варијантата делта и што е познато до денес, пишува РТС и пренесува Мондо.
„На 18 ноември кога видов еден пациент, по анамнезата и симптомите ништо немаше смисла. Со делта соеви имаме: губење мирис, кашлица, болки во грлото, а овој се жалеше само на болки во мускулите, главоболка, замор. Го тестирав и тој беше позитивен, како и остатокот од неговото семејство. Видов повеќе позитивни пациенти тој ден и така започна се'.“
Колку пациенти досега има прегледано со омикрон? Каква им била клиничката слика, дали биле помлади/повозрасни, кои биле симптомите?
-Досега сум лекувала 106 пациенти со омикрон. Доминантен симптом беше тоа што пациентите одат на спиење здрави, а во текот на ноќта почнуваат да чувствуваат топло и студено, имаат ноќно потење. Следното утро се будат со главоболка. болка во градите, дури и болки во грбот. Слабоста што ја чувствуваат не е обичен замор, овде телото е уморно, не се чувствувате добро.
Мал број од нив имаат сува кашлица и болно грло, но тоа не е причината поради која доаѓаат на лекар, туку затоа што не се чувствуваат добро. Клиничката слика е иста веќе шест недели. На почетокот беа помлади пациенти, но сега се претежно постари од 30 години, и мажи и жени“.
Кои се сличностите и разликите помеѓу соевите на омикрон и делта на коронавирус?
-Омикрон претежно предизвикува мускулно-скелетни симптоми, а ако веднаш започнете со третман, закрепнувањето е три до пет дена. Неверојатно е како брзо закрепнуваат со терапија. Невакцинираните имаат многу посериозни симптоми од вакцинираните. Видовме повеќе респираторни симптоми во делта. двата вида, доколку симптомите се посериозни, се добива пневмонија“, вели д-р Коце.
извор:zena.blic