Иницијатива на актерката Сања Арсовска: Уметници ќе го чистат дворот на клинички центар

Добивај вести на Viber

Со цел да влијаат во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина, група уметници утре ќе го чистат дворот на клинички центар. Акцијата ќе започне во 10 часот, а актерката Сања Арсовска која е иницијатор на настанот порача дека сите што сакаат може да се придружат.

- Одлучивме да започнеме со акција за чистење. Се наоѓаме пред влезот на Клинички центар во 10 часот. Ќе има црни кеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително. Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден - напиша на „фејсбук“ Арсовска.