Инспиративни приказни од животот – 5 серии кои ќе ве фасцинираат!

Во напливот на најразновидни серии кои ни се сервираат преку различни платформи, телевизии и медиуми, бевме пријатно изненадени кога наидовме на неколку серии на стриминг платформата GLEY.tv кои верувајте ги изгледавме во еден здив (или како што би се рекло ги „бинџавме“). Она што секогаш ги привлекува луѓето се приказни кои се човечки, но сепак посебни и фасцинатно инспиративни.

Од бинџ маратонот би ги издвоиле следниве.

Преку Атлантикот

Приказната за односот меѓу норвешката принцеза Марта и американскиот претседател Рузвелт дури сега почнува да излегува на виделина. Серијата во голем дел го открива влијанието на принцезата Марта врз Рузвелт, а следствено и текот, па дури и исходот, на Втората светска војна.

Авенијата Кудам ‘56 и ‘59

Оваа германска серија нѐ носи низ животот на бунтовната рокерка Моника која се обидува да излезе од конзервативниот калап во кој се обидува да ја смести нејзината мајка. За да ги оствари своите цели и помести границите таа е подготвена на сѐ.

Вери и заговори

Љубовта е неизбежен дел од животот. Често знае да нѐ инспирира, но и да боли. Оваа серија чие дејство се одвива паралелно за време на Втората светска војна и годините по завршувањето на војната, навистина живописно ги претставува двете страни на „паричката“.

Нашите чудесни години

Насловот на серијата кажува многу. Годините на младоста се навистина чудесни, но како нив ги поминуваат трите сестри во поствоена Германија, е сосем поинаква приказна за амбициите, љубовта и борбата за самостојност.

Куќата на Бичам

Исполнета со визуелни сцени кои го одземаат здивот, оваа серија нема да остави никој рамнодушен со приказот на Индија за време на колонијализмот, како и средствата кои ги употребуваат жените со цел да ја осигурат својата финансиска иднина и/или љубов.

Сите овие наслови, и многу повеќе, во еден здив можете да ги погледнете на стриминг платформата GLEY.tv. Бројната содржина брои мноштво серии и филмови за сечиј вкус, како и внимателно одбрана детска програма целосно синхронизирана и преведена на македонски јазик.

Платформата е достапна на скоро секој уред кој може да го поврзете на интернет преку апликациите за телевизор, мобилен, таблет или компјутер.

ПР Објава