,

Интервју Бобан Козаров: Снабдувачкиот синџир ги поврзува најголемите бизнис функции и процеси внатре во компанијата

Добивај вести на Viber

Имаме неколку клучни предизвици за оваа година во Sara Fashion. Помеѓу најважните би ги издвоил подобрувње на WMS системот со воведување на ЕДИ модулот, имплементција на Back Order системот за нарачки, оптимизација на набавките, скратување на учеството на трошокот за логистика во продажбата за 3% и воведување на Never Out of Stock систем за артиклите со најголемо движење вели Бобан Козаров, Менаџер за снабдувачки синџир во Sara Fashion во интервјуто за Женски магазин.

Каква е улогата на снабдувачки синџири во компанија како Sara Fashion?

Бобан Козаров: Снабдувачкиот синџир во било која компанија е од исклучително значење. Менаџирањето снабдувачки синџир е всушност интеграција на побарувачката и набавката во еден голем кохезивен систем со високи перформанси. Тој ги поврзува најголемите бизнис функции и процеси внатре во компанијата како и помеѓу компаниите. Патот на производот од добавувачот (и/или производството) до крајниот потрошувач го менаџира снабдувачкиот синџир. Тоа вклучува набавка, транспорт, пакување, складирње, прием на нарачки, подготовка, контрола, и дистрибуција. Дополнително, а воедно и различно од другите снабдувачки синџири, кај нас и техничката поддршка е во склоп на снабдувачкиот синџир.

Во компанијата сте еден од најдолго вработените. Како се развиваше вашата работна позиција?

Бобан Козаров: Во компанијата влегов како регионален раководител на малопродажни места пред седум години. По една година, во договор со генералниот менаџер, преминав на позиција менаџер за развој, што ја работев неколку години. Како резултат на забрзан раст, а со тоа и различни потреби на компанијата, пред две години, напрвивме структурен реинженеринг во компанијата, за што бев назначен за координатор на целиот проект. Според моите афинитети и компетенции, во новата структура преминав на функцијата менаџер на снабдувачки синџир.

Задолжен сте и за Србија. Ќе може ли да направите компарација на потребите на секторот и правилата во Македонија и Србија?

Бобан Козаров: По однос на законските регулативи во Србија немаме големи разлики. Но, по однос на работата, сосема е различно. Различни се потребите, навиките и менталитетот на потрошувачите. Слично е, но сепак различно. Самиот факт што во Србија сме релатвино нови, ги менува многу работите. Сега за сега, во Србија имаме еден објект за големопродажба, шест малопродажни објекти и една франшиза со две продавници. Кај нас имаме 4 големопродажни објекти, два магацини за складирање, 34 сопствени продавници, 15 франшизи со 22 продавници и околу 500 активни големопродажни доставни места. Бројот на вработени, складишните капацитети и бројот на продавници во Србија е помал, па затоа логистички целосно се менаџира од кај нас. Само доставата до големопродажните коминтенти се работи локално од Белград.


Кои се вашите предизвици за 2018 година?

Бобан Козаров: Имаме неколку клучни предизвици за оваа година во Sara Fashion. Помеѓу најважните би ги издвоил подобрувње на WMS системот со воведување на ЕДИ модулот, имплементција на Back Order системот за нарачки, оптимизација на набавките, скратување на учеството на трошокот за логистика во продажбата за 3% и воведување на Never Out of Stock систем за артиклите со најголемо движење. Сите овие новитети ќе овозможат да се олесни работата, контролата и во крајна линија задоволството на потрошувачите и на нашите соработници.