ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКА-КОСТОВА: Кроација осигурување-живот ја потврди лидерската позиција на пазарот, клучна е довербата од клиентите

Добивај вести на Viber

На почетокот на годинава, токму за нашата редакција, најави дека очекува „Кроација осигурување-живот“ да ја задржи лидерската позиција на македонскиот пазар. Сега, една година подоцна, задоволство е да се сподели информацијата дека таа цел е постигната, а еден од клучните чинители за тоа е стекнатата доверба од клиентите, процес кој континуирано се надградува од година во година. Маја Станковска-Костова, директор на Кроација осигурување-живот, во интервју за Фактор открива дека компанијата веќе седум години редовно исплаќа акумулирани средства по основа на договорите за осигурување што завршуваат, што е големо уверување и потврда за добрата работа, но и за надминување на поставените деловни цели. Со Станковска-Костова разговаравме и за престижното признание кое таа го доби на ниво на Југоисточна Европа, за кое вели дека е голема чест да се биде издвоен како еден од 40-те најзначајните менаџери, а што е овозможено токму од компанијата Кроација осигурување-живот, каде што таа со години го гради професионалниот развој...

 Во интервјуто Кое може да го прочитате на Фактор откриваме и повеќе детали за сегментот кој има најголем потенцијал на пазарот на животно осигурување, но и за плановите за компанијата за следниот период.