Интимна исповед на „Практичната жена“ и прва фотографија со синот: Блеска пред камери, но приватно нејзиниот свет се руши

Добивај вести на Viber

Многумина не знаеја за нејзините тешки моменти

Водителката Наташа Павловиќ публиката ја познава како „практична жена“, жена со насмевка која зрачи со позитивна енергија.

Сепак, малку се знае за приватниот живот на Наташа, а сега таа реши да си ја отвори душата во голема исповед за најтешките моменти од нејзиниот живот.

View this post on Instagram

A post shared by (@prakticnazena_)


- Кога заминав од Загреб имав само шеснаесет години и тогаш не знаев дека засекогаш ќе заминам, па тоа беше еден од најлошите периоди во мојот живот. До минатата година. Таа година ми беше најтешка. Го изгубив татко ми и никогаш јавно не зборував за тоа до сега. Ми беше премногу тешко да зборувам. Сега знам дека моментот кога ќе ги изгубиш родителите е последниот тест на зрелоста и последната фаза на созревање што треба да ја прифатиш – започна таа, па додаде:

- Таа година ми беше болна иако изгледав нормално и како сè да е во ред. И сè не беше во ред. Два месеци потоа си замина мојот поранешен сопруг Марко Живиќ, а шест месеци после тоа и кумот Бојан Лазаров. Имав чувство дека луѓето со кои пораснав си заминуваат токму во времето кога дојдов од Загреб - Наташа си ја отвори душата, и не криеше дека ѝ бил исклучително тешко да ја забавува публиката со широка насмевка на лицето секој викенд.


Иако секогаш се однесувала како вистински професионалец, одредени коментари многупати ја повредиле, иако никогаш не си дала за право да реагира на нив.

- За среќа бев доволно зрелa, сето тоа е составен дел од животот, но тогаш сфатив дека тоа е негативната страна на јавната работа. Не можете да ја почувствувате тагата во вашите четири ѕида, плачлива и грозна. Тогаш имаше многу коментари за тоа како и зошто ослабев и зошто сакам да изгледам како пред дваесет години. Не се огласив во таа прилика, немав потреба никому да се правдам, ниту да објаснувам. Како јавна личност немаш право на лош период, но мораш да бидеш подготвен да одговориш на предизвикот, а тоа претставува и психички и физички стрес – изјави водителката за „Story“, која не крие дека гордо ја чувала насмевката додека целиот нејзин свет се урнал.

View this post on Instagram

A post shared by (@prakticnazena_)


Сепак, таа нашла среќа и мотив да биде подобра секој ден во нејзиниот дом. Нејзиниот сопруг, со кој е во брак четиринаесет години, и синовите со својата љубов и внимание секојдневно ѝ даваат ветар на грб.

- Како семејство секогаш се бакнуваме пред спиење. Се натпреваруваме кој кого подолго ќе бакнува. Јан е најсмешен кога му вели на својот брат „Оли, не се бакнуваш. Се глупираш, глумиш“ (се смее) - рече таа.

Извор: www.telegraf.rs