Ирис Афел наполни 100 години и порача: Колку постари сте, толку поглупо изгледа кога се трудите да изгледате помлади

Модната икона Ирис Афел пред неколку дена го прослави својот 100 -ти роденден, а ова се нејзините најдобри совети

На 29 август 2021 година, генијалната Ирис Афел наполни ни помалку ни повеќе туку 100 години. Колекционерката, текстилна дизајнерка и неприкосновена модна икона, себеси се нарекува „најстарата тинејџерка на светот“, а ние ја сакаме нејзината смисла за хумор исто како и начинот на облекување. Затоа, како дел од овој роденден, собравме некои од најдобрите „иризизми“ што мислиме дека секој треба да ги знае. Теми? Возраст, врски и, се разбира, облека.


За оние кои сакаат да поделат сѐ во прецизни категории, мојот стил може да изгледа како „нешто што никогаш не го виделе“ или „ексцентричен“. Не ми е гајле. Не се облекувам за некој да ме погледне, туку за себе. Кога не изгледате како сите други луѓе, не треба ни да размислувате како другите луѓе.



Ако премногу се трудите да го пронајдете вашиот стил, никогаш нема да изгледате природно. Таквите луѓе ставаат некое фенси парче на себе и тогаш тоа парче остава посилен впечаток од самата личност. Ако ги присилувате работите, таа внатрешна напнатост ќе ве спречи да се претставите пред светот какви што навистина сте, дури и ако носите совршена облека. Ако се чувствувате напнато, откажете се. Секогаш е подобро да се биде среќен отколку добро облечен.

Приватноста е најскапоценото нешто што го имаме, и колку некој е попознат, толку повеќе неговиот концепт станува заматен. Ако почнете да барате валидација од странци, тогаш, мои пријатели, имате проблем.



Ако сте убаво обучени и имате добри чевли, можете да направите сѐ. Да тоа е точно. Само да појаснам што мислам кога велам „било што“ - мислам на тоа во контекст на избор на облека што одговара на вашата возраст и прилика во која се наоѓате. Ми се чини дека зборот „релевантен“ исчезна од модерниот речник. Луѓето повеќе не се грижат за својата облека. Сѐ стана како да одат да се тушираат или што и да е. Јакни, тренерки, хеланки наместо панталони, потоа фармерки кои сите личат еден на друг и кои секогаш се некако премногу мали, а тоа вклучува и минијатурни шорцеви кои треба да бидат забранети со закон. Додадете на сето тоа паметен телефон и сликата станува катастрофална. Луѓето повеќе не се грижат за никој друг.

Постојано ме прашуваат да дадам совети за стил и го мразам затоа што она што изгледа одлично за една личност, можеби не одговара на друга. Но, еве во што навистина верувам: најголемата грешка што можете да ја направите кога се обидувате да го пронајдете вашиот стил е да се погледнете во огледало и да видите некој друг освен себе.

Колку стареете, толку поглупави изгледате кога се обидувате да изгледате помлади. Никој нема да измамиш. Ако направите дотерување на возраст од 75 години, никој нема да помисли дека имате 30 години. Едноставно е глупаво да одам под нож или да се надувам со секакви хемикалии само за да изгледам како да сум неколку години помлади а резултатите од тие интервенции никогаш не траат вечно. Да не зборуваме дека ако тргне наопаку, ризикувате да завршите како портрет на Пикасо.

View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)



Не сум баш на социјалните медиуми - не ми се допаѓаат. Она што го јадам, правам, каде одам, се мои приватни работи, а не туѓи. Имам друго правило: никогаш не правам селфи со други луѓе. Одеднаш некој сака да се слика со мене и замислете дека има настинка - нема побрз начин да ме зарази отколку да стоиш близу до мене и да кашлаш во лицето ...
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)



Колку сте постари, толку се поголеми шансите секое утро нешто (ново) да почне да ве боли. Но, сепак, апсолутно е неопходно да станувате и да се движите, без разлика колку голема болка е. Не сакам да се претворам во стар мрморец - претпочитам титула за најстар тинејџер на светот, која ја измислив за себе и немам намера да се откажам.