Исчезна Маријана-победничката во 2011 во шоуто „Големиот брат“: Регионот и Хрватска на нозе

Исчезнувањето на Маријана Сеифер пред два дена го пријавил нејзиниот сопруг Карло.

Загрепската полиција сè уште трага по поранешната победничка на „Големиот брат“ од 2011 година, која исчезна во вторникот околу полноќ. Таа во моментот на исчезнувањето носела кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со црвено-бела линија и светли патики. По телото има повеќе тетоважи.

Нејзиниот сопруг Карло рекол дека го пријавил исчезнувањето и дека не може да зборува за околностите бидејќи не ги знае, а по два дена агонија се надевал дека се ќе заврши добро.

Детали читајте на Фактор тука.